18-годишно момче од Хјустон вчера е обвинето за поддршка на радикалната група Исламска држава и за ширење информации за правење бомби, соопшти американското Министерство за правда.
– Каан Серкан Дамларкаја, кој е американски државјанин, е уапсен во петокот во Хјустон по барање на Сојузното обвинителство, се наведува во соопштението.
Дамларкаја беше уапсен по истрагата на ФБИ, која откри дека тој планира да замине во странство за да војува на страната на Исламска држава или ако не успее да замине да изврши напад во САД.