Новогодишен концерт на градски дувачки оркестар

Од:

Градскиот дувачки оркестар утре (12 декември, вторник) во 19 часот, во Денсинг салата на МКЦ ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a влезот за сите љубители на музиката ќе биде слободен.

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон, Елингтон…

На концертот ќе биде изведена следната програма:

Караван (Caravan – D. Ellington arr. H. Eminovic), Финалното одбројување (Final count down- J.Tempest arr. H.Eminovic), Пролетни звуци од Штарус, Добс Буги (Dobs Buggy – W.Dobschin arr. W.Tuschla), Њујорк, Њујорк (New York, New York – J.Kander arr. E.Charleton), Девојката од Ипанема (Girl from Ipanema – A.C.Jobim arr. H.Eminovic), Текила ( Tequila – A. Lokatelli arr. V.Platonovic) и други хитови.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција