Штрајк во Македонски Железници, железничкиот товарен сообраќај е во прекин, патничкиот од утре

Од:

МЖ Транспорт АД Скопје соопшти дека во целосен прекин е железничкиот товарен сообраќај во Македонија од 7:30 утринава, а на железничкиот патнички сообраќај од станицата Скопје ќе се одвива само до полноќ.

Група враобтени од машинскиот и извршен персонал во МЖ Транспорт еднострано и ненајавено, како што информираат од компанијата, решиле да прекинат со извршување на своите работни обврски.

– Со оглед на тоа дека во текот на денот кон оваа група се приклучи и друга група од машинскиот и извршен персонал, МЖ Транспорт АД Скопје ја известува јавноста дека железничкиот товарен сообраќај е во целосен прекин од 07:30 часот утринава, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка ќе се одвива само до крајот на денешниот ден, т.е. до 24:00 часот. Сите возови кои во текот на денешниот ден ќе тргнат од станица Скопје Патничка, ќе бидат вратени во текот на утрешниот ден, согласно важечкиот возен ред. За секоја промена на ситуацијата, благовремено ќе ја известиме јавноста, се вели во соопштението од МЖ Транспорт АД Скопје.

Причината за прекинот е неисплатениот втор дел од платата за октомври, кажуваат претставници од машинскиот персонал. Тие посочуваат дека не се организирани од синдикалните организации и дека засега немаат назначено претставник за официјални изјави.

Од МЖ Транспорт АД-Скопје им се извинуваат на сите патници и коминтенти и истакнуваат дека нивниот менаџерски тим ќе работи на што побрзо нормализирање на железничкиот сообраќај.

Според Чакаровски, попладне имале средба со новото раководство на МЖ транспорт АД Скопје кое ветило исплата на вториот дел од платата за октомври до петок, но како што посочува вработените не ја прифатиле понудата. Доколку до 25-ти месецов пак не биде исплатена платата за ноември, според Чакаровски, ќе се повтори блокадата на железничкиот сообраќај.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека до нив досега не е пристигнато барање за средба од вработените на која би разговарале за поставените барања

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Мицкоски: Лудо е како Влада да прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули