Од денеска до среда во Буенос Аирес министрите за трговија на земјите од Светската трговска организација (СТО) ќе заседаваат за рибарските субвенции и интернет трговијата.
Заменик-директорот Карл Браунер коментираше дека новата американската администрација создала вакуум во раководството на светската трговија.
– 70 години САД беа водечка сила за развојот на глобалниот трговска систем. Претседателот Трамп се откажа од оваа лидерска улога”, рече Браунер во Женева, каде е седиштето на организацијата и додаде дека сега не постои лидерство.
– ЕУ се повеќе ја презема оваа иницијатива и работи за нови интересни сојузи, посочи Брануер, истакнувајќи ги заедничките напори на ЕУ и Бразил за ограничување на земјоделските субвенции во светот.
Тој додаде дека глобалните проблеми може да се решат само преку соработка.
Во главниот град на Аргентина, трговските дипломати од 164-те земји-членки на СТО ќе разговараат за прашање кои се однесуваат не само на бизнисот во светот, туку и за секој кој пазарува во супермаркети и онлајн.
Тие ќе се обидат да направат напредок во забраната на владините субвенции за рибарскиот сектор и во борбата против прекумерниот риболов.