Предлогот за создавање на „Соединети Европски Држави“ од страна на германските социјалдемократи беше отфрлен од претстанвици на конзервативците на Меркел.
Мартин Шулц изјави дека неговата партија ќе добие поддршка само преку лансирање на јасна визија за Европа, и повика на создавање на „Соединети Европски Држави“ до 2025 година.
Разговорите помеѓу Социјалдемократската партија и Демохристијаните за голема коалиција започнуваат во среда, а помеѓу двете партии има несогласување во однос на темата за Европа, што најверојатно ќе биде клучна во дискусијата.
Истражување на Емнид за весникот „Билд” утврди дека помалку од една третина од Германците (30 проценти) ја поддржуваат идејата на Шулц, додека речиси половина (48 отсто) ја отфрлаат.