НДМ: Не е доволно проширување на тимот за преговори со Грција, потребен е Совет на политички лидери

Од:

„Народно движење за Македонија го смета за недоволно проширувањето на тимот за преговори со Грција разгледувано на вчерашната средба на премиерот Зоран Заев со преговарачот за името, амбасадорот Наумовски, вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Ова од причина што, во спорот за името конечната улога ја немаат преговарачките тимови на Македонија и Грција и нивните куртоазни сеанси во изминатите 27 години.

За НДМ нема дилема. Во спорот за името треба да се изгради национален консензус, бидејќи името не е прашање на една партија или на една влада.

Затоа, НДМ го реафирмира своето барање до премиерот Заев да иницира Совет на политички лидери во кој би се изградил единствен македонски став за името како прашање од највисок национален интерес.

Впрочем, Совет на грчките политички партии постои уште со појавувањето на проблемот со името на кој го донесоа официјалниот став кој и денеска е во сила, и кој во суштина се сведува на национално обезличување на Македонците, а секое отстапување од тој став се цени за национално предавство во Грција“ се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска