Куче-скитник нападнало мајка и син во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден мајка и син биле нападнати од куче скитник, при што детето било каснато во пределот на левата рака и му биле нанесени видливи повреди, а мајката се здобила со повреди на левата нога.

Случајот во полиција го пријавил А.Р. (43) од Скопје. Нападните З.Р. (36) и нивниот шестгодишен син биле нападните на улица Перо Наков во Скопје. Од страна на лекар од итната медицинска помош им била укажана помош, а потоа биле препратени на инфективна клиника во клиничкиот центар Мајка Тереза.

Според изјавите на оштетените и сведоците, станувало збор за куче скитник. Од страна на полицијата била известена шинтерската служба на Град Скопје кои излегле на местото на настанот при што кучето било фатено и однесено во центарот за заштита на кучиња-скитници „Вардариште“.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот