Хојт Ји демантира дека ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија

Од:

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји изјави дека еден од главните интереси на САД во Западен Балкан е да се помогне на земјите од регионот да се интегираат во Европа и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина.

– Наш интерес е земјите од регионот да имаат што подобра пазарна економија, која ќе им пружи шанса на сите граѓани, а посебно на младите, изјави Ји во интервју за телевизијата Н1 Сараево.

Тој ги отфрли информациите дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија, додавајќи дека е задоволен со работата што сега ја извршува.

Зборувајќи за најавите за нова стратегија на САД за Балканот, Ји рече дека американската политика не ја одлучуваат одделни дипломати, туку Вашингтон.

– Во случајот на регионот американската влада цврсто ги поддржува аспирациите за членство во ЕУ, додаде Ји.

Тој додаде дека суверено право на секоја земја е да донесе стратешка одлука каде сака да се придружи, коментирајќи ја одлуката на Србија да аспирира за членство во ЕУ, но не и во НАТО.

– Земјите кои сакаат да станат членки на Европската унија, НАТО или која било друга меѓународна организација, ќе мора да ги убедат лидерите или членките на тие организации дека се навистина посветени на таа цел, додаде Ји во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина