Бугарското Министерство за надворешни работи го повика на разговор амбасадорот на Турција во Софија Хасан Улусој, еден ден откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган зборуваше за нови граници на Балканот.
Претседателот на Турција вчера беше во историска посета на Атина, за време на која побара ревизија на Договорот од Лозана од 1923 година, со кој се дефинирана границата со Грција.
– Бугарија смета дека дискусија за мировни договори и постоечките граници не е од корист за меѓународната заедница и стабилноста во регионот, се вели во ставот на Министерството по изјавата на Ердоган.