Јапонија ќе набави крстосувачки ракети со среден дострел кои се лансираат од воздух, и кои ќе служат за одбрана на земјата.
Тоа го соопшти јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера.
Некои светски медиуми јавија дека ракетите ќе можат да ја погодат Северна Кореја и дека станува збор за контроверзна набавка „на она што ќе биде муниција со најголем дострел на земјата која се откажа од правo на војна“.