Заев во вторник во официјална посета на Косово

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во вторник, 12-ти декември, ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово.

Во рамки на посетата, предвидена е средба на Премиерот Заев со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, по што ќе следи и заедничка прес конференција.

Во текот на денот Премиерот Зоран Заев ќе оствари средба и со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.

Истиот ден е предвидена и средба на Премиерот Заев со претставници на Македонско – Косовската бизнис заедница.

Делегацијата предводена од Премиерот Зоран Заев ќе ја сочинуваат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Посетата на Косово на Владината делегација предводена од Премиерот Зоран Заев воедно е и прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски