Налог за апсење за поранешната аргентинска претседателка

Од:

Симнат е имунитетот на сенаторката и поранешна претседателка на Аргентина, Кристина Кирхнер од страна на федерален суд, поради истрага за атентатот во 1994 година врз еврејскиот културен центар во Буенос Аирес во кој загинаа 85 лица.

Судот нареди и апсење на поранешниот министер за надворешни работи Ектор Тимерман и други високи службеници.

Против Кирхнер се води и судски процес за предавство поради договорот кој што го потпишала со Техеран за осомничени нарачатели на нападот да бидат испрашани од аргентински претставници во Техеран.

Две третини од сенаторите треба да се изјаснат позитивно за да ѝ биде симнат имунитетот. Таа беше избрана за сенатор во октомври, но функцијата треба да ја преземе на 10 декември.

Нападот врз Еврејскиот центар е најтешкиот во историјата на Аргентина со 85 жртви и стотици ранети. Оттогаш никој не презел одговорност за него. Израел и аргентинските судство го обвнуваат Иран.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ