Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска во Софија побара државите од Западен Балкан да бидат примени во ЕУ „во блок“.
– Земјите од Западен Балкан треба да влезат во ЕУ во блок, со цел да се обезбеди долгорочен мир и соработка во регионот, изјави Тачи на регионалната конференција во организација на Владата на Бугарија и Светска банка.