Во далечниот Сибир лекарите применуваат физичко казнување како метода на лекување депресија и различни видови зависност. Повеќе од илјада пациенти се лекувале кај доктор Герман Пилипенк, кој стои зад овој многу контроверзен облик на терапија.
Меѓу неговите клиенти денес има се повеќе странци кои по повеќе безуспешни обиди да се излекуваат, одлучиле да ја применат оваа невообичаена „метода на ограничено изложување на болка“.
Докторот Пилипенко изјави дека лекувал пациенти од светот на шоубизнисот и уверен е дека може да им помогне на луѓето, како на пример на британскиот пејач Пит Доерти, на кого другите терапии не му помогнале. Дали станува збор за зависност од алкохол, дрога или секс или депресија, уверува тој, оваа метода придонесува луѓето повторно да станат среќни.
Зависноста, опсесијата (на пример, радохоличари) или депресијата, буквално со стап се истеруваат од пациентите. Доктор Пилипенко истакнува дека станува збор за модернизирана метода на лекување кои во минатото ја применувале озлогласените англиски учители и средновековни монаси.
– Ги удираме пациентите по задникот со јасна медицинска цел. Ова не е изопачена садомазохистичка пракса, истакна професорот Марина Чухрова, психијатар со 25-годишно искуство во лекувањето наркомани и алкохоличари, која работи заедно со Пилипенко.
Чухрова објаснува дека зависниците страдаат од недостаток на ендорфин, т.н. хормон на среќата, а акутната болка при физичкото казнување го стимулира мозокот да лачи, поради што „пациентот се чувствува среќно во сопствената кожа“.