Македонската филхармонија вечер ќе го одржи традиционалниот концерт на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта во Македонија. Со концертот насловен „Младите доаѓаат“, ќе диригира маестро Ле Фи Фи.
На програмата се дела од Пучини, Виењавски, Шелохов, Менделсон, К.М. вон Вебер, Равел, Шостакович, Сен-Санс. Како солисти ќе настапат ученици избрани по пат на аудиција: Сања Димова – соло пеење, Наоми Георгиевска – виолина, Александар Витанов – труба, Ирина Павлова – виолина, Анел Селим – кларинет, Дарко Гроздановски – виолина, Арда Мустафаоглу – пијано и Ивона Базгалоска – пијано, сите ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.