На територијата на гостиварското подрачје во месец ноември биле регистрирани вкупно 20 сообраќајни несреќи, што е за четири помалку од минатата година, информираат од СВР Тетово.
Во несреќите едно лице (пешак) го загубило животот, а во две имало тројца потешко повредени. Шест од несреќите биле со дванаест полесно повредени лица, додека во 11 инцидентите имало само материјална штета.
– Најмногу од несреќите, повторно се случиле на гостиварските улици, потоа регионалните патишта кон Градец и Чегране, магистралата Гостивар-Кичево, автопатот Гостивар-Тетово и на други сообраќајници на подрачјето, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Најчеста причина за несреќите е неприлагодената брзина, односно пребрзо воење и непочитување првенство на минување.
Полицијата при контролите открила 34 технички неисправни, 102 нерегистрирани возила, две возила со претовар. Сообраќајците регистирале и 111 лица кои возеле без возачки дозволи, како и 31 возач-почетник кој немал право да управува.
Констатираните прекршоци во дваесетината акциски контроли и редовни ноемвриски активности, заокружени се со 370 прекршочни, 396 мандатни платни налози, со пет времено одземени дозволи и 111 исклучени возила од сообраќај.