ВМРО-ДПМНЕ реагира за средбата на Црвенковски со партиите на Бошкоски и Ангелов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение коментира дека денешната средба на Црвенковски со претставници на партијата на Љубе Бошкоски и со Достоинство на Стојанче Ангелов дека е обид стара вест да се продаде како нова.

„Бадијала крева тензии кога овие партии кој денеска се сретнаа на последните избори беа во целосна соработка, што отворена и јавна, а што тајна и прикриена.

Ние тоа го тврдевме за време на изборите, а денес овие партии само тоа го потврдија. Ние воопшто не сме изненадени и не сме зачудени што таков профил на луѓе седнаа на иста маса и се договараат, впрочем тие луѓе делат исти вредности, имаат ист морален концепт и сите заедно припаѓаат на мрачното време на транзицијата во Македонија.

Овие луѓе се само слика на се она лошо што и се случуваше на Македонија во последните 15 години. Не сме изненадени од ваквиот потег на Црвенковски кој и досега луѓето ги користеше како маша да си ги оствари своите интереси без притоа да почитува било какви политички ставови и мислење“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски