Чешкиот премиер Бохуслав Соботка оцени дека Европската унија не смее да ги заборави балканските земји и треба да ги прими како полноправни членки, штом ги исполнат условите за членство.
– Доколку сака да биде остане обединета, Европа не смее да ги заборави тие што чекаат пред нејзините порти. Западниот Балкан повеќе пати покажа дека е подготвен да соработува и да ги исполнува потребните реформи. Овие земји ја заслужуваат истата шанса за европска иднина, каква што и беше пружена и на Чешката Република. Не мора да се придружат на нашиот клуб уште утре, но ние мора да ја држиме вратата отворена, наведува Соботка во текст објавен денеска на порталот „Политико“.