Јанчева се обрати на отворањето на регионалната конференција за безбедноста во урбаните средини

Од:

Денеска и утре во хотел „Алексaндар Палас“ се одржува регионална конференција со наслов „Напори кон зголемено правo врз Градот за сите преку подобрување на безбедноста кај јавните простори во урбаните средини“.

Конференција е во организација на UN-Habitat и UN Women, а нејзина цел е да им овозможи на учесниците значајна можност да расправаат за подобрување на безбедноста во јавниот простор и урбаните средини на територијата на Балканот, со особен фокус на жените и на девојките.

На отворањето на конференцијата се обрати претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

– Познат е фактот дека, просторот ги диктира условите и начинот на постоењето на една заедница. Во кој и каков простор дејствуваат и опстојуваат жените, повеќе не е, ниту пак може да биде неважно прашање, од некако за нас далечен урбанистички домен. Ако се земе во предвид дека, достапните и безбедните јавни простори за жените, реферираат на безбедносни и инклузивни градови, разочарува фактот дека, Р. Македонија дава речит иако досега недоволно расветлен пример за постоењето и предизвиците, во голема мера на сложен, проблематичен, небезбеден и не инклузивен јавен простор. Оттука, можеме да кажеме дека, жената денеска е соочена со проблеми, кои произлегуваат токму од нејзината локална, регионална и социокултурна позиционираност – кажа Јанчева.

Јанчева потенцираше дека во Скопје има одредени зони кадешто движењето со инвалидска или детска количка, во моментов е невозможно и несомнено, ограниченото движење на овие лица создава непријатно чувство на немоќ и кај нив, но и кај тие што ги придружуваат. На крајот од излагањето Јанчева посочи дека фокусот на Град Скопје е тој да стане родово еднаков град и од тие причини веќе има една стратегија за родова еднаквост на градот, а во моментов се работи и на развивањето на втората стратегија кадешто урбаната безбедност за жените и девојките е една од предлог стратешките цели.

Конференцијата, на која се разменуваат искуства и се водат стручни дискусии, ќе биде заокружена со платформа за развој, во која ќе бидат вклучени многубројни засегнати страни. Платформата ќе има за задача, да ги утврди заедничките приоритети и да даде препораки за унапредување на функционалноста на градовите, кон постигнување на пристапни јавни простори и родова рамноправност.

Регионалната конференција е дел од заеднички проект на канцеларијата на UN-Habitat во Косово, како и канцелариите на UN Women во Косово и во Македонија.

Проектот се стреми кон подобрување на правото врз градот за сите, преку намалувањето на родовите нерамноправности, при пристапот до јавниот простор. Дополнително, се надоградува на партнерството со локалните власти, механизмите за родова рамноправност и универзитетите, на органите за спроведување на законот и на главните иницијативи од граѓанското општество, во однос на правата на жените.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот