Кошаркарите на шампионот Мајами ноќеска го претрпеа десетиот пораз сезонава откако загубија на гостувањето кај Индијана. Предводник во победата на домаќините беше Пол Џорџ, кој постигна 29 поени и имаше 11 скокови. Кај поразениот тим Двејн Вејд имаше 30 поени, а Леброн Џејмс 22.
По поразот на Мајами сега единствено Лос Анџелес Клиперс и Оклахома Сити имаа едноцифен број на порази – осум.
Резултати ноќеска одиграните натпревари: Филаделфија – Бруклин 89:109, Индијана – Мајами 87:77, Милвоки – Феникс 108:99, Хјустон – Лос Анџелес Лејкерс 125:112 и Минесота – Атланта 108:103.
Двојки за вечерва: Торонто – Филаделфија, Шарлот – Јута, Кливленд – Атланта, Бостон – Феникс, Чикаго – Милвоки, Њу Орлеанс – Хјустон, Сан Антонио – ЛА Лејкерс, Оклахома Сити – Минесота, Денвер – Орландо, ЛА Клиперс – Далас и Голден Стејт – Мемфис.
Пласман Источна конфренција: Мајами 23-10 (победи-порази), Њујорк 23-11, Атланта 20-13, Индијана 21-14, Чикаго 19-13,…
Пласман Западна конфренција: Лос Анџелес Клиперс 27-8, Оклахома Сити 26-8, Сан Антонио 27-10, Мемфис 22-10, Голден Стејт 22-11,…