Македонската кошаркарска федерација ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите на свечена церемонија на 25 декември.
– Сите клубови во младинските и во сениорските конкуренции, сите членови на Здружението на кошаркарски тренери во Република Македонија, членовите на Судиската Комисија при МКФ како и медиумите учествуваат во гласањето за избор на најдобрите кое се уште е во тек, информираат од федерацијата.
Се гласа во следниве 13 категории:
– Најдобар кошаркар
– Најдобра кошаркарка
– Најдобар млад кошаркар
– Најдобра млада кошаркарка
– Најдобра машка екипа (сениори)
– Најдобра женска екипа (сениорки)
– Најдобра машка екипа (младински)
– Најдобра женска екипа (младински)
– Најдобар тренер на машка екипа (сениори)
– Најдобар тренер на женска екипа (сениорки)
– Најдобар тренер на машка екипа (младински)
– Најдобар тренер на женска екипа (младински)
– Најдобар кошаркарски судија.