На 7 декември, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт на кој учествуваат ученици од Државните музички училишта во Македонија.
Концертот носи наслов „Младите доаѓаат“, а зад диригентскиот пулт ќе застане маестро Фи Фи Ле.
На програмата се дела од Пучини, Виењавски, Шелохов, Менделсон, К.М. вон Вебер, Равел, Шостакович, Сен-Санс. Како солисти ќе настапат ученици избрани по пат на аудиција: Сања Димова- солопеење (III средно), Наоми Георгиевска – виолина (II средно), Александар Витанов – труба (IIсредно), Ирина Павлова- виолина (IIIсредно), Анел Селим – кларинет(IV средно), Дарко Гроздановски- виолина (IV средно), Арда Мустафаоглу – пијано (Iсредно) иИвонаБазгалоска-пијано (IV средно), сите ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.