Хорст Зехофер, лидерот на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) најави дека нема да се кандидира за нов мандат како премиер на Баварија на регионалните избори следната година.
Маркус Фербер од ЦСУ изјави дека во партијата се воделе интензивни разговори и дека парламентарната група на ЦСУ ќе се состане и денеска за да предложи друг кандидат за премиерската функција.
Зехофер предложил да остане лидер на ЦСУ по отстапувањето на премиерското место, поради тешката ситуација во Берлин.
Германските медиуми шпекулираат дека нов премиер на Баварија ќе биде Маркус Содер, од десното крило на партијата.