230 авиони, меѓу кои и шест „невидливо“ ловци „Ф-22 Раптер“, шест ловци-бомбардери од петта генерација Ф-35А и два стратешки бомбардери „Б-1Б Ленсер“ учествуваат на најголемите воени вежби на Јужна Кореја и САД, што ќе се одржуваат до петок.
Вежбите следуваат само една недела откако Северна Кореја тестираше интерконтинентална балистичка ракета.
За време на вежбите ќе се симулираат различни сценарија, вклучително и и извршување напади со голема прецизност врз цели кои претставуваат копии на објектите во Северна Кореја, каде што се претпоставува дека го чуваат нуклеарното оружје.
Воените вежби имаат за цел да ја зајакнат подготвеноста и оперативните можности на армиите на двете земји и да гарантираат мир и безбедност на Корејскиот Полуостров, информираа од Вашингтон.