Меѓународна конференција за поквалитетно образование

Од:

Премиерот Зоран Заев и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс денеска ќе ја отворат меѓунароната конференција насловена „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“ која што ќе започне денеска и ќе трае до среда.

Целта на конференцијата е отворање на јавна дебата за како најдобро да се забрза реформата во образовниот систем и да се подобри квалитетот на образованието за да се намали јазот меѓу земјата и успешните образовни системи.

Околу 500 учесници на конференцијата ќе имаат можност да слушат меѓународни образовни експерти, реномирани лидери и поборници за квалитет, рамноправност и ефикасност на образовните системи.

Настанот е организиран под водство на Владата, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование