Жените и децата на припадници на ИД кои се вратиле во Германија може да бидат закана за безбедноста, предупреди шефот на германската разузнавачка служба Ханс Георг Масен во интервју објавено денеска.
Тој вели дека откако ИД претрпеле загуби во Ирак и во Сирија, дел од семејствата на припадниците на таа екстремистичка органзиација одлучиле да се вратат во Германија.
– Децата кои биле изложени на перење мозок во „школите“ на територии на ИД се во голема мерка радикализирани, изјави Масен.
– Тоа за нас е голем проблем бидејќи тие деца може да бидат опасни, изјави тој и додава дека жените на џихадистите се исто така радикализирани.
Од околу 950 луѓе кои во изминатите години ја напуштиле Германија за да се борат за ИД, околу третина се вратиле.