АЛДЕ и Ван Баален со безрезервна поддршка за ЛДП и Република Македонија

Од:

Од 1. до 3. декември делагација на Либерално демократската партија (ЛДП) присуствуваше во Амстердам, Холандија на Конгресот на партијата АЛДЕ – Алијансата на либерали и демократи за Европа (ALDE – Alliance of Liberals and Democrats for Europe), што претставува најголем собир на либерали и демократи на стариот континент, на кој присуствуваа повеќе од 1.500 делегати и гости.

„На Конгресот беше едногласно прифатено барањето на ЛДП за прием во АЛДЕ со полноправно членство.
Треба да се истакне дека приемот на ЛДП во АЛДЕ е под уставното име на државата – Република Македонија.

Овој чекор претставува голем успех за ЛДП и за државата, бидејќи во европското либерал-демократско семејство членуваат и партии на 8 европски Премиери.

Со овој чин се потврди и долгогодишната безрезервна поддршка што АЛДЕ, како организација, но и нејзините врвни претставници, пред сѐ Претседателот на АЛДЕ, г-динот Ханс Ван Баален ѝ ја даваат на Република Македонија.
На конгресот г-динот Ван Баален беше ре-избран за претеседател на АЛДЕ.

Во рамките на Конгресот, се одржа и изборно Собрание на регионалната организација ЛИБСЕН – Мрежа на либерали од југо-источна Европа (LIBSEEN – Liberal South East European Network) на која се избра нов Претседател, г-дин Роман Јакиќ (Словенија), кој ќе ја предводи оваа регионална мрежа а членот на Ивршниот одбор на ЛДП, г-дин Дејанчо Цветановски, е ре-избран во раковотството (Libseen Steering Committee) на оваа меѓународна организација.

Истовремено, овој собир беше искористен и за голем број билатерални средби на претставниците на ЛДП со претставниците на останатите партии присутни на Конгресот, Европратеници и премиери на држави, како и со истакнати поединци кои се дел од либерално-демократското семејство на Европа“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски