Скопјани денеска се изгореа со зонското паркирање

Од:

Зонското паркирање денеска изненади многумина скопјани, причина беше тоа што не добија поврата порака дека паркингот е одобрен, а тој се наплатувал.

Сите кои паркирале и кои испратиле порака преку операторот Т-Мобиле не можеле да добијат навремена повратна порака дека им е дозволено паркирањето на избраната локација.

Од „Градски паркинг“ за падот на системот велат дека тврдат дека тоа не е нивен проблем, туку дека проблемот бил во Т-Мобиле.

Од Т-Мобиле Македонија велат дека во теков на денешниот ден нивниот систем работел без проблеми и дека не е детектиран никаков застој во испраќањето СМС пораки.

„Пратив порака денеска околу 12 часот за паркингот кај Македонска телевизија, не ми стигна повратна порака, од вас слушам дека треба да стопирам, најверојатно ќе ми бидат наплатени 4 часа“, вели една скопјанка.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски