„Народно движење за Македонија ги осудува изјавите на Џес Бејли и Чарлс Гарет со кои однапред сугериираат одговорност и вина за уапсените 36 Македонци во врска со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.
Ова само по себе е скандалозно, странски амбасадори директно се мешаат во македонското судство со што дејствуваат во Македонија на начин кој не договара на нивниот дипломатски статус.
Затоа, НДМ и народот бараат амбасадорите Бејли и Гарет да престанат да се мешаат во работата на домашното судство и да ги девалвираат неговите вредности што е спротивно со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението на НДМ.