Тилерсон: Смешни се тврдењата дека ќе бидам сменет

Од:

Тврдењата што протекоа во јавност дека ќе бидам сменет од функцијата државен секретар се смешни, оцени Рекс Тилерсон.

Западните медиуми вчера објавија дека Белата куќа подготвува смена на Тилерсон, а на негово место да биде назначен директорот на ЦИА, Мајк Помпео.

Одговарајќи на прашање за евентуалната смена, Тилерон само кусо одговори дека тоа е смешно.

Демант за тврдењата стигна уште синоќа од Белата куќа, а портпаролката Сара Сандерс изјави дека засега нема никакви најави за промена на државниот секретар.

– Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот и целата Влада е фокусирана на завршување на неверојатно успешната прва година од администрацијата на Трамп, изјави Сандерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ги коментира тие извештаи и само кратко кажа дека Тилерсон е тука.

Најавите за смена на Тилерсон доаѓаат по разликите меѓу него и Транп по неколку клучни прашање.

Во однос на Северна Кореја, Тилерсон се заложи за дипломатски пристап, а Трамп тоа го оцени како „губење време“. Државниот секретар, исто така, го бранеше Договорот за иранската нуклеарна програма, а Трамп ја оспорува неговата важност.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија