Градот Скопје подготвен за справување со последиците од обилните врнежи од дожд

Од:

По обилните врнежи кои го зафатија Скопје во текот на изминатата ноќ, утрово се состана Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во кој членуваат претставници од Град Скопје, јавните градски претпријатија, Противпожарната бригада на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и од Регионалниот центар за управување со кризи. На средбата се координираа активностите за превентивно дејствување за заштита од можни излевања на реката Вардар во Скопје.

– Денеска во утринските часови нивото на реката Вардар се подигна, а во делот на скејт-паркот, реката се прелеа во мајор коритото. Нашите екипи веќе извршија увид на состојбата на теренот и утврдија три критични точки: на потегот од скејтпаркот до мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“, под зградата на ПИОМ и во Долно Лисиче, каде што завршува регулацијата на реката Вардар – изјави на денешната конференција за медиумите Емил Дуровиќ, началникот на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

Тој додаде дека градбите и градежните активности што се дел од проектот „Скопје 2014“, а се преземаат во коритото на реката на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до Камениот мост, видливо ја намалуваат проточноста на коритото и создаваат проблеми при надојдена вода.

Исто така, тој нагласи дека веќе се подготвуваат околу 10.000 вреќи со песок кои набргу ќе почнат да се поставуваат на критичните точки: на потегот од скејтпаркот до мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ и кај ПИОМ, зашто во текот на ноќта се очекуваат уште поинтензивни врнежи.

– Работници од јавните градски претпријатија со механизација веќе се на терен и го санираат насипот меѓу Горно и Долно Лисиче, кај железничкиот мост, кој што пред две години го подигнаа екипите на ЈП „Улици и патишта“, а кој во меѓувреме беше уништен од несовесни граѓани на должина од 150-200 метри. Подготвени се и пумпи за исцрпување вода, и тоа 4 големи пумпи со капацитет од 8.700 литри вода/минута, како и 40-тина помали пумпи, кои ќе се стават во функција ако за тоа се јави потреба. Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе дежура во текот на 24 часа и ќе ја следи состојбата на теренот, во соработка со Регионалниот центар за управување со кризи. Сакаме да нагласиме дека Градот Скопје е подготвен да се справи со оваа состојба и дека нема место за паника – изјави Дуровиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето