Од денеска Романците ќе може да патуваат во Канада без визи, објави весникот „Гандул“.
Министерството за надворешни работи соопшти дека од 1 декември канадските власти ги укинуваат визите за романските граѓани кои имаат намера да останат во државата до шест месеци.
Укинувањето на визите се однесува за патувања со туристичка цел, бизнис или посета на роднини.
– МНР на Романија ја поздравува одлуката на канадските власти да го либерализираат визниот режим за романските граѓани, со што се продлабочуваат дипломатските напори од изминатите години како на билатерално ниво, така и во тристран формат со учество на Европската комисија, се наведува во соопштение од Министерството.