Гостивар: Потпишан грант за изградба на локални патишта во селата Падалиште и Трново

Од:

Во рамки на програмата за развој на руралната инфраструктура финансирана од Европската Унија и кофинансирана од националниот буџет, Општина Гостивар обезбеди средства во висина од 120.000 евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Општина Гостивар доби право да користи ЕУ грант во висина од 90.000 евра за изградба на два локални патишта, едниот во село Падалиште и другиот во село Трново. Вкупната вредност на проектите изнесува 120.000 евра и истиот ќе биде кофинансиран од националниот буџет во износ од 30.000 евра.

Се очекува со изградбата на овие патишта да се подобри сообраќајната комуникација во овие населени места и истите подобро да се поврзат со градот Гостивар. Благодетите од овие проекти директно ќе ги почуствуваат сите жители на општина Гостивар и ќе се овозможат побезбедни услови за сообраќај на пешаци и возила.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар