Беровското комунално претпријатие со долг од 45 милиони денари

Од:

Продолжува финансиската агонија на беровското комунално претпријатие „Услуга“. Последниот пресек на состојбите, зборува за долгови на фирмата во висина од 45 милиони денари, најмногу пари должи на Фондот за ПИОМ и УЈП.

Градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски потенцира дека се бараат начини како да се санира финансиската состојба во ЈП.

– Претпријатието има побарувања од 42 милиони, но во прашање се побарување кои тешко можат да се наплатат,дел од нив се застарени, додека долгот на претпријатието спрема разни доверители изнесува 45 милиони денари, најмногу станува збор за неплатени даноци, придонеси кон фондовите на ПИОМ и на здравство, неисплатени плати на 78-те вработени. Претпријатието има репрограмиран долг од пред 10 години кој во 2019 година доспева за наплата и дококу тие средства не се отпишат или не се најде дополнително решение, ќе останат како товар и за идниот период, а Општината заедно со Советот ќе бараат начини како да го извечат од кризата единственото Јавно претпријатие, истакна Пекевски.

Пекевски потенцираше дека и Општина Берово живее со блокирана сметка од 27 март оваа година за долг од 31 милион денари кон фирмата „Пелагонија“.

– Сметката е блокирана врз основа на судско извршено решение од фирмата „Пелагонија“ за изградба на регионален водовод во Берово. Тужбата почнува во 2002 година, а судскиот предмет трае цели15 години, со што каматата ја надминува главнината на долгот што е бесмислено, значи 15 години водење постапка во која каматите растат,истакна Пекевски.

Општина Берово има и нов долг по разни основи од околу 50 милиони денари и тоа должи на разни доверители, има кредит од Светската банка, должи за експропријатица на имот, должи и на физички лица и на советниците од претходниот состав.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово