Притвор за уште двајца обвинети за упадот во Собранието

Од:

Кривичниот суд определи притвор од 30 дена за уште двајца обвинети за упадот во Собранието на 27 април.

„Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, беа спроведени две лица опфатени со предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието, за кои по произнесување на спроведените лица во однос на предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на М.М и С.М. им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти Судот.

Завчера во кривичниот суд беа спроведени 24 лица. На 13 од нив им беше определен затворски притвор, меѓу кои се и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, внукот на Методија Андонов-Ченто, Јане Ченто, оперскиот пејач Игор Дурловски.. Меѓу оние кои добија куќен притвор се актерот Владо Јовановски и Борис Дамовски, кои беа дел од организатори на протестите „За заедничка Македонија“.

„М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М. судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј, им определи мерка куќен притвор“, соопшти вчера Судот.

Меѓу обвинетите има и пратеници, на кои Собранието денеска им го одзеде имунитетот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител