Учесниците на Самитот ЕУ-Африка доцна синоќа усвоија низа мерки за ставање крај на ропството на мигранти во Либија, што беше и главна тема на средбата.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека итно ќе бидат евакуирани мигрантите кои сакаат да ја напуштат Либија и дополни дека ќе биде формирана истражна комисија.
По објавувањето на снимките на Си-Ен-Ен како во Либија се продаваат робови како на пазар, прашањето стана главна тема на Самитот кој завршува денеска во африканскиот град Абиџан.