(ВИДЕО) Кирацовски: Ние пратениците сме обични луѓе и не смееме да ја попречуваме работата на Судот

Од:

Исправени сме пред сериозна одлука, враќањето на правдата е императив во Република Македонија. На 27 април се случи напад врз демократијата, напад врз уставниот поредок на државата и беше посегнато по животот на пратениците“, рече пратеникот Александар Кирацовски.

„Институциите имаат должност да го расчистат случајот, а делата од ваков карактер никогаш да не се повторат. Како еден од пратениците кој беше во прес салата, вредеше секоја минута, секоја секунда помината во таа сала, но вредеше за да се врати нормалниот систем на нашата држава. На 27 Април повеќе наши колеги беа повредени, малтретирани и ставени во заложниство. Тоа се коси со сите човекови права. И покрај се, лично уште кога се избираше Владата на РМ, им простив на нашите колеги од опозицијата кои учествуваа на овој немил настан. Видов дека самите тие не биле свесни во што се впуштиле.

Но видов дека тие нема да му простат на тој што ги натерал да го направат тоа. Делата кои се случија на тој ден се евидентни. Кои сме ние да му одземаме имунитет или да попречуваме судска постапка? Досега судот барал да се симнува имунитет на пратеник, а Собранието го овозможувало тоа“, рече Кирацовски.

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски на почетокот на седницата предложи до неговите колеги наместо две точки за одземање на имунитетот и одобрување на притвор, Комисијата да има една точка, со што постапката беше временски скратена.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител