Двацата поранешни капетани на аргентинската морнарица Алфредо Асиц и Хорхе Едуардо Акоста осудени се на доживотна казна затвор поради злосторства против човештвото.
Тие се осудени за злосторства сторени од 1976 до 1983 година како воени команданти, кога мачеле и убивале стотици политички ривали. Осудените се меѓу 54-те лица кои се товарат за воени злосторства направени во Поморската механичка школа (Есма). Асиц, познат и како „Ангел на смртта“ одби да се извини на семејствата на жртвите.
– Организациите за човекови права се групи за одмазда и прогон. Никогаш нема да побарам простување, изјави тој во текот на судењето.