Ватикан загрижен од продорот на радикалниот исламизам во Албанија

Од:

Католичката црква изразува загриженот од начинот на кој продира радикалниот исламизам во Албанија, се наведува во извештајот на Светата столица, јави дописникот на МИА од Тирана.

Монсињор Ангело Масафра од епархијата во северниот албански град Скадар, поднел детален извештај на фондацијата АЦР, која е финансиски донатор на католичкото свештенство.

– Според направените согледувања, исламскиот радикализам ја вознемирува и самата муслиманска заедница. Има големи финансии од Саудиска Арабија и од Турција, која по „еден век повотрно се врати на Балканот“, стои во написот.

Илир Куља, поранешен прв човек на Асоцијацијата на верските заедници, смета дека последниот попис на населението во Албанија е уште еден начин повеќе да се забрза радикализмот.

Според него, новиот исламски Универзитет, отворен со одлука на Владата во Тирана ќе служи за собирање на младите муслимани, за да „немаат потреба да одат да се школуваат на друго место и да се асимилираат со туѓа догма“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски