Муслиманите може да бидат меѓу 7 и 14 проценти од населението во Европа до 2050 година, покажуваат резултатите од анализа на истражувачкиот центар Пју.
Американскиот институт вклучил во анализата 28 држави од Европската унија, Норвешка и Швајцарија.
Според нив, во 2016 година во Европа 4,6 отсто од населението биле муслимани, а 53 отсто од сите имигранти во 30-те држави од 2010 до 2016 година биле муслимани.