Манфред Мохабе, колега на Екатерина Тихонова од Светската федерација за рокенрол танцување, кој прво потврди дека таа е ќерката на Владимир Путин, ја повлече својата изјава откако агенциите ја објавија веста со образложение дека не го слушнал добро прашањето.
– Јас не можам да потврдам дека ја познавам ќерката на Путин. Немам ништо со нив, рече Мохабе.
На прашањето зошто на почетокот рече дека Тихонова е ќерка на Путин, Мохабе одговори дека не го слушнал добро прашањето.
– Верувајте ми дека во салата беше многу бучно, така што многу работи не можев да ги разберам, а другите мислат дека не сум разбрал добро. Така, не е сигурно дека ви ги дадов точните одговори, рече Мохабе кој тврди дека има проблеми со слухот.
Заменик претседателот на Светската федерација за рокенрол танцување (WRRC) за правни работи, Манфред Мохабе претходно, како што јавија агенциите, изјави дека тој ја запознал Тихонова преку заедничка работа во сојузното претседателство на федерацијата, а на прашањето дали таа е ќерка на Путин, тој одговорил потврдно: „Да, ја познавам, секако“.
На истото прашање поставено вторпат, Мохабе потврдно рекол „Да“.
Ниту Кремљ, ниту Тихонова ја коментираа неговата вест.