Депардје го славеше православниот Божик и се крстеше со три прсти

Од:

Славниот актер Жерар Депардје само два дена по официјалното добивање на руското државјанство и пасош на оваа земја, присуствуваше на божиќната литургија во Москва и по православните обичаи на својот нов дом се прекрсти на православен начин-со три прсти.

Депардје за медиумите изјави дека изборот Русија да биде негова нова држава не е само поради несогласувањето со францускиот претседател Оланд за даночната политика во таа земја, туку и поради тоа што Русија од секогаш длабоко ја почитувал и бил одушевен од нејзината историја и култура.

„Се чувствувам како Русин, не само поради добиениот пасош и пречекот од државниот врв и народот, туку и поради фактот дека од кога знам за себе руската уметност, историјата и културата ги доживував како нешто лично свое и дел од моето битие“, рече славниот актер кој потврди дека планира да живее во Русија.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети