Најавена обнова на 12 патишта, инвестиција од 14 милиони евра

Од:

Проект за обнова на 12 регионални патишта со вкупна должина 166 километри почна Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со Министерството за транспорт и врски. Инвестицијата во обновата на патиштата изнесува 14 милиони евра, обезбедени од Светска банка.

ЈП за државни патишта веќе потпиша договор со проектанска компанија за изработка на концептуални проекти, кои, како што соопшти денеска ресорното Министерство, се очекува да бидат завршени за четири месеци.

По изработката на конкретните проекти ќе се обновуваат регионалниот пат Младо Нагоричане – граница Пелинце, во должина од 19 километри, државните патишта Делчево – Звегор, во должина од петр километри и Струмица – Ново Село – граница со Бугарија, во должина од 20 километри.

Дел од проектот се и регионалните патишта Јурумлери – Драчево, во должина од 5 километри, Кавадарци – Росоман, во должина од 11 километри, Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија, во должина 24 од километри, Куманово – Свети Николе, во должина од 25 километри, Тетово – Попова Шапка, во должина од 15 километри, Делчево – Пехчево, во должина од 15 километри, Берово – Виница, во должина од 7 километри, Битола – Демир Хисар, во должина од 10 километри и Драчево – Орешани – Таор, во должина од 10 километри.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска