Османи: Вклучувањето на невладиниот сектор има клучна улога за постигнување широк општествен консензус за планот 3-6-9

Од:

Во просториите на Секретаријатот за европски прашања денес се одржа трибина со невладините организации, на која Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, го презентираше заокружениот План 3-6-9, ставајќи осврт на новите делови од планот – деловите шест и девет.

Пред почетокот на трибината, Вицепремиерот Османи ја потенцираше досегашната успешна соработка со граѓанскиот сектор, и тоа, како во имплементацијата на делот три од Планот, така и при подготовката на деловите шест и девет.

„Успешноста во имплементацијата на делот Три од Планот 3-6-9, во значајна мерка се потпира и на будноста на невладиниот сектор, што претставува еден вид алатка за рано предупредување за евентуалните застои во имплементацијата “ – истакна Османи, правејќи осврт кон придобивките од досегашната соработка со невладиниот сектор.

Тој наброја и неколку квалитетни предлог реформски решенија чие внесување во реформскиот План 3-6-9 претставува сугестија токму на претставниците на граѓанскиот сектор.

„На предлог на граѓанскиот сектор, во Стратегијата за реформа се предвидува донесување на повеќе законски измени, вклучително и на Законот за Јавно обвинителство, со кои ќе биде регулиран статусот и надлежностите на СЈО, зајакнување на капацитетите на Академијата на судии и Јавни обвинители, измени на Законот за кривична постапка итн,“ – истакна Османи.

Тој посочи и на прифатените сугестии на граѓанскиот сектори и во при реформите на безбедносните служби, како и на реформите во Јавната администрација, кои заедно со реформата на правосудството претставуваат приоритетни области при имплементација на Планот.

Вицепремиерот повтори дека Македонија се наоѓа во историски период за нашите европски и евроатлантски интеграции, посочувајќи на исклучителната важност на следните шест недели, или периодот до крајот на годината, во кој Македонија мора да направи исчекор при имплементацијата на реформите во трите клучни области: реформа на правосудството, реформа на безбедносните служби, како и реформа на јавната администрација.

„Успехот во имплементацијата на реформите во овие шест недели ќе ја дефинира агендата и за наредните шест месеци, што, пак, претставува историски период за постигнување значаен исчекор во затворањето на прашањето за ЕУ и НАТО“ и изјави Османи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он