Националниот комитет на ИКОМОС денеска напладне организира форум на тема „Традиционалните материјали и новите материјали и методи за конзервација и реставрација на културното наследство“.
Настанот, кој ќе се одржи во Музејот на Македонија, е дел од програмските активности на ИКОМОС Македонија, поддржани од Министерството за култура и со донација на Трифун Костовски.