Во организација на Српскиот културен центар „Спона“ и во рамки на 18. Есенски музички свечености вечер од 20 часот во фоајето на Македонската опера и балет ќе настапи „Трио Покрет“ од Србија.
Концертот е насловен „ Динамика на движењето“. „Трио Покрет“ го сочинуваат: Мадлен Стокиќ Васиљевиќ на виолина, Милош Николиќ на кларинет и Маја Михиќ на клавир.
„Трио Покрет“ е основано во 2010 година и изведува дела од современи српски композитори.
– Соработката со најеминентните српски композитори за време на седумгодишното постоење на овој ансамбл направи мал пресврт во пристапот кон современата музика и нејзиното делување врз широката публика, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.