Велосипедист починал откако вчера бил удрен од автомобил во Гостивар

Од:

Вчера во Гостивар, патничко возило „Фиат темпра“ со гостиварски ознаки управувано од Б.Ќ. (66) удрило во велосипедист А.Р. (73) од село Чајле, гостиварско.

По несреќата, велосипедистот со такси возило бил пренесен во медицинскиот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани лесни телесни повреди, но бил задржан на понатамошно испитување бидејќи не се чувствувал добро.

По кратко време, тој бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде што утрово починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар