ВМРО-ДПМНЕ: Заев е фатен како ја лаже јавноста и носи целосно неуставен закон со злоупотреба на европско знаменце

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмена реакција реагира на изјавата на Зоран Заев за двојазичноста.

„Зоран Заев ја лаже и манипулира јавноста за законот за двојазичност. Прво велеше дека Тиранската Платформа е само во главата на Груевски, а денес кога го изработија законот и е пред донесување, продолжува да ја лаже јавноста дека нема двојазичност на целата територија. Тоа е лага.

Со член 1 став 2 од предлог законот на СДС, вели, цитирам: „Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон во државата“.

Заев е фатен како ја лаже јавноста. Тој носи целосно неуставен закон и изврши злоупотреба на европското знаменце. Комесарот Хан самиот потврди дека носењето на закон за јазици не е приоритет за Европската Унија.

Зоран Заев со нeуставниот закон за двојазичност врши директно редифинирање на државата. Од друга страна тој предвидува и казни за непримената на законот, а воедно и воведување на двојазични униформи и банкноти.

Зоран Заев во 21 век наместо за економски напредок и подобар живот се фокусира на носење на неуставен закон за двојазичност со кој ги манипулира граѓаните“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ