ВМРО-ДПМНЕ: ВИП кабините на жичарницата се достапни за граѓаните кои ќе изразат интерес

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на објавата на Петре Шилегов за вип кабините во жичарницата на Водно.

„Петре Шилегов наместо градски шарлатан треба да почне да работи како градски татко.

Наместо бајати теми да започне да работи кокретни работи, и наместо да руши, да почне да гради.

Жичарницата на Водно е изградена и пуштена во употреба во јуни 2011 година, и вип кабините се ставени во употреба и презентирани уште пред 6 години и тое се достапни за граѓаните кои ќе изразат интерес. Тој наместо со проекти се занимава во откирвање на топла вода.

Шилегов треба да престане со неговата дрегер политика на манипулации кои нема да ги решат проблемите на Скопјани и да започне да работи она што е негова обврска. Нека ги засука ракавите и нека почне да работи она за што го плаќаат Скопјани. Еден месец по неговиот избор за градоначалник нема ниту една суштинска мерка за почист воздух и нема ниту еден сегмент од неговата стратегија за чистење на воздухот“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски