(ВИДЕО) Костовски: Проектот поврат на ДДВ е само мртво слово на хартија

Од:

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека огромна лага е ветувањето на СДСМ за повраток на 15 отсто од платениот ДДВ.

– СДС ги излажа граѓаните ветувајќи им дека на крајот на секоја календарска година секое семејство ќе добие 30.000 денари од државата од поврат на ДДВ. Ветyваа дека ќе се реализира до крајот на 2017-та, а сега најавуваат дури во 2019. Граѓаните се излажани и изманипулирани. Нема пари за поврат на ДДВ, ниту во ребалансот на буџетот за 2017 година, ниту во предлог буџетот за 2018 година. Проектот со кој опозиционерот Зоран Заев ги отвораше и затвораше сите митинзи, не му е ни на крај памет на премиерот Зоран Заев, рече Костовски.

Тој додаде дека проектот поврат на ДДВ е само мртво слово на хартија во, како што рече, памфлетот „План за живот“.

– Граѓаните ниту биле приоритет на СДС, ниту некогаш ќе бидат. За СДС многу побитни се високите хонорари, како и патните и дневни трошоци за нивните функционери, отколку граѓаните. Токму затоа во буџетот за 2018 година нема пари за поврат на ДДВ, но затоа има пари за покривање на патните и дневни трошоци на хунтата на власт. Имено СДС додава 5.2 милиони евра повеќе од лани за ставката патни и дневни расходи, пари за покривање на скапите патувања на функционерите од власта. Додека пари за поврат на ДДВ нема. Нема ниту денар, рече Костовски.

Тој кажа дека Заев со примамливо спакуваните ветувања свесно ги лажел граѓаните, за една година подоцна граѓаните да видат дека животот најавуван од Заев е живот во луксуз на државна сметка на функционерите, а стагнација и беда за граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите